Денеска романските медиуми објавија информација дека можно е Дејан Манасков од следната сезона да ги брани боите на Динамо Букурешт.
Доста наши медиуми објавија дека трансферот ќе биде реализиран, но веднаш пристигна демант од Манасков.
Левото 29-годишно крило преку социјалните мрежи само кратко ги информираше јавноста дека станува збор за лажни вести.
Потсетување дека во кариерата освен за Веспрем, Манасков претходно играше уште за Рајн Некар-Левен, Вецлар, Вардар и Металург.