Кривична пријава за скопјанец за фалсификување сообраќајна дозвола

1 min read

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје денеска поднесе кривична пријава против скопјанецот З.А. (31), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ по член 378 став 1 и 3 од Кривичниот законик, информираат од МВР.

– Во текот на 2021 година, пријавениот со фалсификувана сообраќајна дозвола за патничко возило „Фолксваген Пасат“, кое го земал на користење од негов пријател, а кој пак, го имал закупено возилото од рентакар агенција, го заложил како гаранција во финансиско друштво за одобрување парична позајмица во износ од 360.000 денари, појаснуваат од МВР.  

skopjeinfo.mk

Претходно

Гаспром потврди дека помалку гас се испорачува преку Украина

Следно

Голема е борбата за титулата во Серија А, но постои „неочекуван“ проблем

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian