Констракта е единствената во полуфиналето на Евровизија која ќе пее на мајчин јазик

1 min read

Српската претставничка на овогодинешната Евровизија Ана Ѓуриќ Констрака ќе излезе на евровизискат сцена в четврток, 12 мај, на втората полуфинална вечер.

Констракта е единствената претставничка која ќе настапи во втората полуфинална вечер, а која нема ниту еден дел од текстот на англиски јазик.

Ова им било интересно на медиумските екипи во Торино, па ја прашале српската претставничка зошто донела таква одлука.

– Вашата песна е толку заразна. Дали сте сигурни во тоа дека песната изведена на вашиот јазик може да ја разберат сите? – прашала една новинарка.

„Па, се испостави дека да! Рековте дека е лесно се памети“, рекла Констракта и објаснила дека не сакала да ја преведува песната, бидејќи на тој начин „би изгубила многу од неа“.

Ана Ѓуриќ на отворањето на Евровизијата раскажала дека песната ја напишала додека го шетала кучето. Многумина ги интересирало како таа го снимила, забележала текстот.

– Снимам на телефон некои работи коишто во моментот ми паѓаат напамет, а на некои се сеќавам подоцна – изјавила Констракта, која додала дека во последно време главно на тој начин ги создава песните.

Песната на Констракта номинирана за најдобар текст на Евровизија

Констракта се огласи по нападите: Земјата е рамна плоча, Тупак е жив

Песната на Констракта номинирана за најдобар текст на Евровизија

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Чави: Да не се грижиме, Араухо е надвор од животна опасност

Следно

Терористите од „Диво Насеље“ бараат слободни викенди

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian