Истражувањето потврди: Седум часа сон е идеално за постари од 40 години

3 mins read

Од искуство знаеме дека денот на работа ќе ни биде тежок по долгото излегување претходната вечер, но иако звучи парадоксално, повеќе сон и не е неопходно добро за лицата на средна и постара возраст, покажало истражувањето чии резултати се објавени во списанието „Природно стареење“ (Nature Aging).

Истражувачите од британскиот Универзитетот Кембриџ и кинескиот Универзитет Фухан откриле дека седум часа сон навечер е идеално за лицата во средна или постара возраст и заклучиле дека повеќе или помалку сон од тоа може негативно да влијае на нивното ментално здравје и да предизвика полоши ментални перформанси.

Истражувачите проучиле податоци кои се однесувале на 500.000 возрасни помеѓу 38 и 73 години, собрани од големата база на податоци УК Биобанка.

Испитаниците одговарале на прашања за обрасците на спиење, за менталното здравје и општата состојба, а исполнувале и когнитивни тестови. Истражувачите имале пристап и од снимки од магнетна резонанца на мозокот и генетски податоци за 40.000 испитаници.

Времетраењето на сонот влијае на когнитивните перформанси.

Научниците откриле дека премногу или премалку сон е поврзан со намалени когнитивни перформанси.

Испитаниците биле побавни при решавање тестови, имале пократок распон на внимание и полошо ги решавале проблемите. И нивното ментално здравје било полошо, а кај повеќето е забележан пораст на анксиозност, симптоми на депресија и полоша општа состојба.

Тие појаснуваат дека пречките во текот на плиткиот сон (составен дел од длабокиот сон) е можната причина за намалување на когнитивните преформанси. Тие се поврзуваат со таложење на бета-амилоидни молекуки. Се смета дека овие протеински наслаги, чии големи таложења се наоѓаат во мозокот на пациентите кои боледуваат од Алцхајмерова болест, допринесуваат за смрт на невронските клетки.

Истражувачите откриле дека редовни седум часа сон во текот на ноќта се идеални за когнитивните перформански, општата добросостојба и менталното здравје за лицата на средна и постара возраст.

Иако во истражувањето не е објаснета причинско-последичната врска, резултатите покажуваат дека премалку или премногу сон може да претставува ризик фактор за когнитивен пад во постарата возраст, тврдат истражувачите.

– Не можеме со сигурност да кажеме дека премалку или премногу сон предизвикува когнитивни проблеми, но анализата во чии рамки проучувавме повеќе поединци во подолг временски период ја потврдува оваа теза“, вели професорот Џианфенг Фенг од Универзитетот Фудан во Кина.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Бугарскиот патријарх Неофит во болница: Имал несреќа и ја скршил бутната коска

Следно

ЕКСКЛУЗИВНО Премиерот Ковачевски со писмо до Вселенскиот патријарх Вартоломеј

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian