ФОТО | Украинскиот коментатор ја следеше Евровизија од засолниште

1 min read

Вчера се одржа првата полуфинална вечер на годинашното издание на Избор на песна за Евровизија, а Украина успеа да се пласира во финалето, кое ќе се одржи на 14 мај.

Момците од групата „Калуш Оркестра“ ја воодушевија публиката со својата енергична изведба на песната „Stefania“, а, според многумина, ситуацијата во Украина не е единствената причина поради која тие имаат голема поддршка од страна на евровизиските обожаватели.

Музичкиот настан беше проследен и во дел од Украина, која моментално се соочува со руската вооружена агресија, а нивниот коментатор Тимур Мирошниченко го следеше натпреварувањето и го коментираше од импровизирано студио во едно засолниште.

Британскиот новинар Вилијам Адамс, кој е основач на најпознатиот евровизиски портал „wiwibloggs“, ја сподели неговата фотографија на социјалната мрежа Твитер и предизвика бројни коментари од оние кои сочувствуваат со ситуацијата.

„Украинскиот евровизиски коментатор Тимур Мирошниченко вечерва коментираше од засолниште“, напиша новинарот на Твитер.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ѓоковиќ на три чекори од историја во Рим

Следно

Реџепи до Сали: „Mинистер за зоолошка градина“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian