Фудбалерот на Барселона, Роналдо Араухо е добро и не е во животна опасност откако поради повреда на синоќешниот натпревар против Селта (3:1) заврши во болница.
Уругвајскиот интернационалец изгуби свест по директен судир со соиграчот Гави.
– Араухо е свесен, тој е надвор од животна опасност. Лекарите ни рекоа да не се грижиме – рече тренерот на Каталонците Чави Ернандез за шпанските медиуми.
Сезонава 23-годишниот одбранбен играч досега во „Ла Лига“ запиша 29 настапи и четири голови.
Лекарите брзо реагираа, а дека ситуацијата не е безопасна станало јасно кога прекинот траел неколку минути.
Соиграчите веднаш притрчаа до него и му го извадија јазикот од уста со играчите на Селта. Араухо потоа бил ставен во возило на брза помош и пренесен во болница. Од клубот во средата потврдија дека тој имал потрес на мозокот и за среќа без посериозни последици.