Во регионот на Харков пронајдени тела на 44 цивили, соопштија украински регионални власти

1 min read

Телата на 44 цивили се пронајдени во урнатините на петкатната зграда во Изјум, која беше уништена од руските сили во март, изјави денеска шефот на украинската регионална воена управа во Харков Олег Синегубов.

– Во привремено окупираниот Изјум, под урнатините на петкатницата уништена од окупаторите во почетокот на март, пронајдени се телата на 44 цивили, изјави Синегубов, пренесува Би-би-си.

Тој на Телеграм оцени дека ова е „уште едно ужасно воено злосторство на руската армија врз цивилното население“.

Би-Би-Си наведува дека не е во можност да ги потврди овие тврдења од независни извори.

kurir.mk

Претходно

Цариград се вмеша во јурисдикцијата на СПЦ, смета српски верски аналитичар

Следно

Борба за Влае: Собираме потписи против бетонизацијата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian