ВИДЕО: Трајковски со нов македонски рекорд во скок во далечина во Лимасол

1 min read

Андреас Трајковски, член на Атлетскиот клуб „Работнички“ и репрезентативец на Македонија, денеска на меѓународен атлетски митинг во Лимасол (Кипар) го собори македонскиот рекорд во скок во далечина на отворено со резултат од 7 метри и 41 сантиметар.

Досегашниот македонски рекорд на отворено во скок во далечина изнесуваше 7 метри и 15 сантиметри, кој беше во сопственост на тројца атлетичари, Зоран Тасевски, Тони Дамчевски и Славчо Мирчевски.

Андреас со овој скок го освои петто место на митингот. Прв беше Олимпискиот шампион и Светски првак во сала Милтиадис Тентоглу од Грција со скок од 8 метри и 28 сантиметри, втор беше Рејнод Баниго од Велика Британија со 8,04 метри, додека третото место му припадна на Мохамад Амин Алсалами од Сирија со скок од 7,56 метри.

Ова беше прв натпревар за Трајковски сезонава на отворено во скок во далечина.

А веќе следната недела го очекува нов настап на меѓународна сцена, на атлетски митинг во Солун (Грција).

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Белорусија ќе распореди специјалци на границата со Украина

Следно

Не го очекувајте тоа од нив: Хороскопски знаци кои никогаш нема да ви се извинат

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian