ВИДЕО | Постхумно ќе бидат одликувани медицинските сестри кои починаа во пандемијата

1 min read

Апелот за повисока плата на медицинските сестри и повикот за нивно трајно вработување ја одбележува Меѓународната недела на медицински сестри. Одбележувањето започна на петти мај во Битола, денеска продолжува во Прилеп, а ќе заврши во четврток во Скопје, во Градски парк на Школка.

– Денот на раѓањето на Флоренс Најтингејл, основоположничката и совеста на медицинските сестри традиционално го посветуваме на нашите колешки, како и на оние кои се веќе пензионирани. Оваа година постхумно ќе бидат одликувани нашите шест колешки, медицинските  сестри кои животот го загубија во ковид пандемијата рече денеска во Утрински брифинг претседателката на здружението на  медицински сестри, Гордана Бешлиовска.

Таа нагласува дека проблемите за кои алармирала и порано, се уште постојат и се пречка во градењето кариера на една медицинска сестра.

– Проблемите на медицинските сестри не се нови, ние со години реагираме на ниските плати, договорите на определено.  Оваа недела би сакала да го кренеме гласот и да ги испорачаме наште барања. Вчера имавме средба со министерот за здравство Беким Сали на кој му ги кажавме нашите барања, а очекуваме дополнителни средби и во текот на наредните денови на кои ќе учествуваме во работните групи за регулирање на Законот со  што се надваме дека ќе се надминат сите недостатоци со кои се соочуваат медицинските сестри, додава Бешлиовска.

Таа предупредува дека доколку не се подобрат работните услови на медицинските сестри, ќе продолжи одливот на кадар во западно-европските земји.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Рок-легендата Жељко Бебек е добитник на „Златна бубамара“ за животно дело

Следно

Стартуваше големата пролетна акција во Центар

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian