ВИДЕО | Почнува Евровизија: Еве кој настапува вечерва и се бори за пласман во финалето

1 min read

Евровизија почнува вечерва, а во текот на првата полуфинална вечер на сцената во Торино ќе пеат претставници на 17 европски земји.

Претставниците на првите 17 земји ќе дадат сè од себе за да ги освојат симпатиите на гледачите на сцената во салата „Пало Олимпико“ во Торино и со тоа да обезбедат билет за големото финале кое нè очекува в сабота.

Вечерва ќе ги гледаме претставниците на Албанија, Латвија, Литванија, Швајцарија, Словенија, Украина, Бугарија, Холандија, Молдавија, Португалија, Хрватска, Данска, Австрија, Исланд, Грција, Норвешка и Ерменија.

Во првото полуфинале ќе гласа жирито и публиката од 17 земји учеснички, како и Франција и Италија кои како дел од минатогодишниот „топ 5“ имаат директен пласман во финалето.

На синоќешната генерална проба, гласаше стручно жири составено од по пет музички експерти од секоја од земјите.

ВИДЕО: 30 ексклузивни секунди од втората проба на Андреа во Торино

ВИДЕО | Скандал на Евровизија: Андреа го фрли македонското знаме на земја, МРТ жестоко ја осуди

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО: Погледнете со каков застрашувачки играчки кадар ќе располага Гвардиола

Следно

Лајен најави 700 милиони евра помош за Хрватска

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian