ВИДЕО | Еве како се одвиваше првата полуфинална вечер на Евровизија

8 mins read

Програмата на првата  полуфинална вечер на Евровизија започна со краток воведен филм и огнена изведба посветена на Земјините елементи и Сонцето како централен елемент на овогодинешниот избор за песна на Евровизија.

За финалето вечерва се борат Албанија, Латвија, Литванија, Швајцарија, Словенија, Украина, Бугарија, Холандија, Молдавија, Португалија, Хрватска, Данска, Австрија, Исланд, Грција, Норвешка и Ерменија.

Вечерта беше отворена од тројцата водители – италијанската пејачка Лаура Паузини, комичарот и ТВ водител Алесандро Кателан и либанската/британската поп ѕвезда Мика.

Албанија – Ronela Hajati– Sekret

Ронела Хајати ја отвори полуфиналната вечер со песната „Sekret“ По огнената изведба, во салата избувнаа громогласни аплаузи.

Латвија – Citi Zēni – Eat Your Salad

Второ настапи Латвија со песната „Eat Your Salad“ во изведба на Сити Зени. Инаку, пеат за рециклирање и здрава исхрана на Евровизија.

Литванија – Monika Lui – Sentimental

Трета настапи литванската претставничка Моника Лиу со песната „Sentimentai“.

Швајцарија – Marius Bear – Boys Do Cry

Швајцарија вечерва ја претстави Мариус Беар со песната „Boys Do Cry“.

Словенија – LPS – Disko

Словенија е една од ретките земји на овогодинешата Евровизија која изведува песна на својот мајчин јазик. Песната се вика „Disko“.

Украина – Kalush Orchestra – Stefania

Фаворитите на овогодинешниот избор за песна на Евровизија се Украинците кои се претставија со песната „Stefanis“, изведена на мајчин јазик. За време на нивниот настап имаше аплаузи и крици на поддршка за земјата која во моментов е под опсада на Русија. Многумина кренаа и украински знамиња. Според евровизиските обложувалници, Украинците имаат најголеми шанси за пласман во полуфиналето, дури 95 отсто. Инаку, оркестарот Калуш е замена за украинската песна во изведба на Алина Паш, која првично требаше да ја претставува Украина, но спорот настана откако беше откриено дека пејачката била на Крим во 2015 година.

Бугарија – Intelligent Music Project – Intentions

Со првата рок изведба ноќва „Intentions“, Бугарија настапи по Украина.

Холандија – S10 – De Diepte

Холандија се претстави со алтернативна поп-балада „De Diepte“, испеана на мајчин јазик.

Молдавија – Zdob și Zdub & Advahov Brothers – Trenulețul

Молдавија оваа година ја претставија Здоб си Здуб и Браќата Адвахов со песната „Trenulețul“. Нивниот карактеристичен настап привлече големо внимание на пробите, а салата се крена весело на нозе.

Португалија – MARO -Saudade Saudade

Португалија настапи во веселите Молдавци со баладата „Saudade Saudade“.

Хрватска – Mia Dimšić – Guilty Pleasure

Миа Димшиќ настапи со песната „Guilty Pleasure“. Пејачката дел од песната на хрватски јазик во придружба на тројца танчери. „Европа те сакаме!“, извика Миа по настапот, па им рече „Grazie mille“, на Италијанците.

Данска – Reddi – The Show

По Хрватска, настапи женската група Реди, со песната „The Show“.

Австрија – LUM!X feat. Pia Maria – Halo

Австрија настапи со жестоката песна „Halo“.

Исланд – Systur – Með Hækkandi Sól

Исланд беше претставен од Систур со песната Með hækkandi sól. Исланѓаните пеат кантри песна на свој јазик и настапија во ретро издание.

Грција – Georgiadi Tenfjord – Die Together

Грција се претстави со Аманда Георгиади Тенфјорд и песната Die Together.

Норвешка – Subwoolfer – Give That Wolf A Banana

Норвежаните „Сабвулфер“ ја испеаја песната „Give That Wolf a Banana“ под интересни жолти маски. Тие привлекоа внимание со својот препознатлив стајлинг веднаш штом се појавија во Торино.

Ерменија – Rosa Linn – Snap

Настапите во првата полуфинална вечер ги затвори Ерменија. Земја ја претстави Роза Лин со песната „Snap“.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Столтенберг позитивен на коронавирус

Следно

ВИДЕО: Џерард не ги згасна надежите на „својот“ Ливерпул

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian