Стаменов: Апелираме до институциите да се пронајдат сторителите на немилите настани во скопската ЗОО

3 mins read

Директорот на ЈУ Зоолошка Градина Скопје, Кристијан Стаменов денеска упати апел до надлежните институции да се пронајдат сторителите на немилите настани во Скопје ЗОО кои се случија во изминатиот период. 

Како што информирапе директорот Стаменов,на 10.04.2022 поединци направиле неовластен влез на група од дванаесетина луѓе, петнаесет минути пред затворање на градината. Истото е уредно пријавено и се повикани претставници од Министерството за внатрешни работи за увид во неовластениот влез на групата луѓе.

-На 28.04.2022 од службите во Зооолошката градина е направен увид во живеалишатта на животните и е констатирано дека се пресечени неколку катанци, по што биле пуштени неколку животни, во рамки на просторот во зоолошката градина. Истото е пријавено и констатирано рано утрото од страна на зоо негувателите кои дошле на работа дека се работи за видливо и намерно пуштање на неколку животни од нивните живеалишта, посочи денеска Стаменов. 

-По рекордната посетеност во Зоолошката градина со над 14.000 посетители, на 09.05.2022 во 00:30 часот имаше обид да се обие влезната врата од благајната. Сторителот е фатен од безбедносните камери на Зоолошката градина како во два наврати се обидува да го обие влезот на благајната, претпоставуваме со цел да направи финансиска штета. Но, снимениот поединец останал само на обидот, затоа што како што се гледа на снимката не можел да го обие влезот на билетарата и благајната по што настаната е незначителна материјална штета. Истиот настан веднаш по случувањето уште вечерта е пријавен во полициска станица Карпош, појасни директорот на скопската Зоолошка. 

Тој вели дека покрај тоа што сите овие настани се пријавени до надлежните органи за постапување, односно до Министерството за внатрешни работи, зголемена е будноста кај персоналот, а дополнително е зголемено и обезбедувањето во ноќната смена.

-Цениме дека сите овие обиди наликуваат на намерна саботажа на работата и функционирањето на самата Зоолошка градина, треба да се прашаме на кого му пречи успешноста на Зоолошката градина. Остро ги осудуваме сите овие обиди да се наштети на нашата работа, но и на безбедноста на животните, се надеваме дека службите од Министерството за внатрешни работи ќе работат интензивно на откривање на сторителите, со цел да се спречат и понатамошни вакви обиди. Сакам да потенцирам исто така дека и покрај овие обиди доколку вистина станува збор за саботажа на нашето работење и функционирање нема да не обесхрабрат туку напротив ни даваат мотив плус да работиме уште повеќе за поубава и попосетена Зоолошка градина Скопје- изјави Кристијан Стаменов, директор на ЈУ Зоолошка градина Скопје,. 

skopjeinfo.mk

Претходно

Незири: Вчера спречивме обид на ДУИ за отварање нова лотарија

Следно

Орбан: Да не ни го земеа морето – ќе имавме пристаниште; Загреб бара објаснување

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian