Средба Лајчак – Чавушоглу околу актуелната состојба во регионот

1 min read

Специјалниот претставник на Европска Унија за дијалог Белград-Приштина, Мирослав Лајчак, денеска во Турција се сретна со турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, со кого разговараше за процесот на нормализација на односите помеѓу Белград и Приштина.

– Благодарност до Мевлут Чавушоглу за турското гостопримство, поддршката за мојата работа и важните разговори за Западен Балкан, а посебно за дијалогот помеѓу Белград и Приштина, напиша Лајчак на Твитер.

Претходно, Чавушоглу на Твитер објави дека со Лајчак разговарал за „Западниот Балкан и регионалните настани, а особено за Украина”.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Скопјанец пуштил во промет фалсификувани евра

Следно

Ѓоковиќ во топ форма, со фуриозен старт на турнирот во Рим

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian