Рок-легендата Жељко Бебек е добитник на „Златна бубамара“ за животно дело

2 mins read

Рок-музичарот Жељко Бебек, легендарниот пејач на групата „Бијело дугме“, е годинашниот добитник на „Златна бубамара“ за животно дело, соопштија организаторите на манифестацијата чие 25. издание ќе се одржи на 12 мај во арената „Борис Трајковски“.

„Со ‘Бијело дугме’ Бебек сними 12 албуми кои се основа на антологијата на ексју рок-музиката. Уште во време на постоењето на ‘Бијело дугме’ тој сними и неколку соло албуми, чија популарност не беше ни приближна на онаа постигната со хитовите на ‘Дугме’. Според општата оценка на музичката критика, Бебек на секоја песна на ‘Бијело дугме’ ѝ даде единствено доживување што никој друг пејач не успеа до го постигне. Откако ја напушти групата сними 14 албуми, од кои излегоа некои големи хитови, кои го потврдуваат и натаму неприкосновениот примат на Бебек како еден од најдобрите машки вокали во поширокиот регион“, велат од „Златна бубамара“.

Жељко Бебек е роден во 1946 во Сараево. Тој рано покажал интерес за музиката, па уште во училиштните денови научил да свири на мандолина, а потоа и на гитара. Во гимназија почнал да пее со групи, прво со „Ехо 61“, чиј член бил и Корнелије Ковач. Во шеесеттите години на минатиот век преминал во групата „Кодекс“, една од позначајните сараевски групи во тоа време. Во 1969 се сретнале со Горан Бреговиќ и почнале да настапуваат заедно во Италија. По ова релативно неуспешно искуство, Бреговиќ и Бебек ја создале групата „Јутро“ во 1972 година, која во 1974 е преименувана во „Бијело дугме“, една од најважните музички групи во поранешна Југославија.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ибрахимовиќ против Аталанта ќе го игра последниот меч во кариерата!?

Следно

ВИДЕО | Постхумно ќе бидат одликувани медицинските сестри кои починаа во пандемијата

Latest from Blog

Перишиќ се сели во Лондон

Хрватскиот репрезентативец Иван Перишиќ одлучи кариерата да ја продолжи во Премиер лигата и тоа во екипата

MacedonianEnglishAlbanian