Реџепи: Беса, сателит на ВМРО и Левица

1 min read

Поранешниот пратеник на Движењето Беса, Кастриот Реџепи, смета дека Движењето Беса станала сателит на ВМРО и Левица.

Тој во изјава за порталот индекс.мк изрази жалење што политичкиот субјект што тој го поддржувал некогаш, паднал на тоа ниво да стане сателит на ВМРО и Левица и да се приклучи на блокадата на државниот законодавен дом кој одговара пред граѓаните.
„Сигурно ова е обврска преземена за време на локалните избори за Тетово и слепо ја следат секоја акција на ВМРО“, изјави Кастриот Реџепи за индекс.мк.

Тој вели дека пратениците се избираат за да се подобри животот на граѓаните, а не да им го отежнат. Додава дека има добри луѓе во Движењето Беса, но дека неодамнешните акробации на на некои поединци за лична корист, оваа партија скапо ќе ја чини на следните избори.

Кастриот Реџепи вели дека пратениците се избрани од народот да предлагаат закони, или нивна промена преку амандмани, а не со амандмани да ги блокираат, затоа што блокадата не е во интерес на државата.

“Повеќе од две години има блокирани закони, и сега со потполна блокада ништо нема да функционира и Собранието нема да ја врши својата функција токму во време на светска криза поврзано со војната во Украина. Ова ќе донесе дополнителен проблем со блокирање и на институциите со што ќе се испрати порака дека оваа држава не функционира, вклучително и процесите во кои се наоѓаме“, нагласи Реџепи.

Претходно

Стартуваше големата пролетна акција во Центар

Следно

Марш поради една интересна причина го сака Халанд во Лидс

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian