Путин „најверојатно“ ќе воведе воена состојба во Русија за да ги поддржи воените напори, тврди шефицата на американското разузнавање

1 min read

Претседателот на Русија, Владимир Путин се очекува да стане понепредвидлив и може да нареди воена состојба во Русија за да ги поддржи неговите амбиции во Украина, нагласи денеска директорката на Националното разузнавање на САД, Еврил Хејнс.

Целите на Путин се поголеми од руските воени капацитети, а тоа „веројатно значи дека следните неколку месеци би можеле да вдиме движење во понепредвидлива и потенцијално ескалаторна траекторија“, рече Хејнс на сослушувањето во Сенатот.

„Сегашниот тренд ја зголемува веројатноста претседателот Путин да се сврти кон подрастични средства, вклучително и воведување воена состојба, преориентирање на индустриското производство или потенцијално ескалаторни воени опции за да ги ослободи ресурсите потребни за да ги постигне своите цели“.

Хејнс додаде дека Путин најверојатно нема да нареди употреба на нуклеарно оружје освен ако државата не се соочи со „егзистенцијална закана“. (МИА)

kurir.mk

Претходно

Школската година нема да се продолжи, одлучи Владата

Следно

Скопјанец пуштил во промет фалсификувани евра

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian