ФОТО: Украина и со македонското знаме на дресот со кој ќе игра два натпревари

1 min read

Претседателот на Фудбалската асоцијација на Украина, Андреј Павелко, одлучи да го претстави дресот („Обединети за Украина“) со кој оваа земја ќе ги игра двата пријателски натпревари како подготовка за мундијалскиот бараж.

Дресот ги содржи сите знамиња на европските земји кои ја поддржуваат Украина врз која Русија изврши агресија. На дресот се наоѓа и знамето на Македонија.

На предната страна на дресот, заедно со грбот на Украина и логото на производителот на опрема, стои натпис U24 кој го најавува потенцијалниот влез на Украина во Европската унија.

На задната страна на дресот, преку форма на бројки, се наведени имињата на градовите вклучени во конфликтот меѓу Украина и Русија.

В среда на 11 мај Украинците ќе играат контролен меч со Борусија Менхенгладбах на стадионот „Борусија Парк“, а осум дена подоцна во пријателски дуел ќе ги одмерат силите со Хрватска во Риека.

Украина во полуфиналето од баражот за Светското првенство ќе игра против Шкотска. Дуелот е закажан за 1 јуни од 20.45 часот, победникот ќе игра во финалето на 5 јуни против Велс во Кардиф. Победникот од финалето автоматски ќе биде сместен во групата „Б“ на Мундијалот каде веќе се наоѓаат Англија, Иран и САД.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Хрватска го поддржува влезот на Бугарија во шенген зоната, вели хрватскиот Министер за внатрешни работи

Следно

Сопственичката на најголемата куќа во САД себеси се нарекува кралица: Сакам да биде уште поголема, нема да штедам

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian