ФОТО: Шампионски со Динамо, Ристовски во тимот на колото во Хрватска

2 mins read

Пет играчи на Динамо, двајца од Хајдук и по еден од Горица, Локомотива, Хрватски драговољац и Шибеник го сочинуваат идеален тим во изборот на „СофаСкор“ за 34. коло од Првата хрватска лига, направена врз основа на оценките што ги добија во последните натпревари.

Најголема од сите заслужи двојниот асистент на Динамо во победата од 3:0 против Осиек, Бруно Петковиќ.

За неговиот учинок Петковиќ беше оценет со високи 8,7 и е единствениот напаѓач во формацијата 4-2-3-1. Од соиграчите, во идеалната 11 се најдоа уште Петар Бочкај (7,9), македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски (7,9), Мислав Оршиќ (7,6) и Јосип Шутало (7,3).

Двојниот стрелец во победата на Хајдук против Риека, Марко Ливаја (8,4) се доближи до Бруно Петковиќ, а високо беше оценета играта на Филип Кровиновиќ (8,0), единствениот преостанат играч на Хајдук во овој состав.

Во идеалните 11 се и Ентони Калик (Горица, 8,1), Енис Чокај (Локомотива, 8,1), Иван Смолчиќ (Хрватски драговољац, 7,7) и голманот на Шибеник, Антонио Ѓаковиќ (7,7).

На две кола до крајот на шампионатот, Динамо Загреб во чии редови освен Ристовски настапува и Аријан Адеми, се наоѓа на првото место со 73 бодови, четири повеќе од второпласираниот Хајдук Сплит. Следниот меч „модрите“ ќе го имаат на 15 мај на гостувањето кај осмопласираниот Шибеник.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Бугарски медиум: Скандал! Скопје ѝ ја украде бугарската Охридска архиепископија на Бугарија

Следно

Петровска: Лицата кои носат униформа подалеку од политиката

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian