Елмас се израмни со Пандев по бројот настапи за Наполи

1 min read

Елиф Елмас, еден од најдобрите македонски репрезентативци се израмни по бројот на настапи со Горан Пандев (38) за екипата на Наполи.

Многумина го гледаат нашиот фудбалски „дијамант“ Елмас како иден лидер на А селекцијата, како што тоа го правеше Пандев.

„Гранде“ Пандев беше дел од „наполитанците“ во периодот од 2011 до 2014 година запишувајќи севкупно 124 настапи. А истата бројка во досегашните три сезони за клубот од Неапол ја има и 22-годишниот Елмас по настапот против Торино.

Веќе на следниот натпревар Елмас може да го надмине Пандев, а тоа се очекува да се случи за пет дена на 15 мај против Џенова, интересно, поранешниот клуб на Пандев.

Моментно Пандев и Елмас го делат 108 место на вечната листа по бројот настапи за Наполи.

На првото место на оваа листа се наоѓа Марек Хамшик со вкупно 520 настапи. Од активните играчи во Топ 10 се четвртопласираниот Лоренцо Инсиње со 431 настап, Дрис Мертенс на шестата позиција (394), а деветтопласиран е Калиду Кулибали (314).

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Орбан: Да не ни го земеа морето – ќе имавме пристаниште; Загреб бара објаснување

Следно

ВИДЕО | Погледнете го првиот трејлер за долгоочекуваниот „Avatar: The Way of Water“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian