Во Никуштак никна споменик на Харун Алиу – командант Куштрими од ОНА

2 mins read

И додека сè уште јавноста ја бранува откривањето на 20 метарскиот споменик на ОНА во село Слупчане, викендов во селото Никуштак Липковско споменик доби и поранешниот припадник на ОНА Харун Алиу познат како командант Куштрими. Алиу кој беше осуден на доживотен затвор за убиство на припадник на специјалните единици на МВР „Тигри“, како дел од криминална банда беше убиен во престрелка со полицијата кај скопското село Радуша во 2010 година.

Споменикот во Никуштак освен за Алиу е подигнат и за уште четири поранешни припадници на ОНА Јетула Мифтари, Љемал Шаќири, Абаз Беќири и Музафер Агуши.

Според портали на албански јазик споменикот го финансирале жителите на Никуштак. „Слободен печат“ иако побара не доби одговор од градоначалникот на Липково Еркан Арифи дали за споменикот има одобрение за изградба.

Организаторот на маифестацијата при откривањето на спомен-плочата изјавија дека ова селот ги почитуваа починатитет херои и нивните семејстава.

– Идеалот на паднатите херои не е само да градиме спомен-плочи или да се потсетуваме на нив само на денот кога загинале, иделаот на хероите, паднатитет борци е секогаш да ги имаме во нашите мисли и да се грижиме за нивните семјества – изјави Фуат Беќири, син на еден од припадниците на УЧК за кој е подигната спомен плочата, пишува порталот „Лајм“.

– Знам дека тоа што го посакувавте и очекувавте во 2001 година не е постигнато. Се што ќе кажам е нешто што не соодветствува со реалноста, но ви велам, величината на 2001 година со сите паднати борци и пожртвуваноста на народот, беше величствена победа, бидејќи кога во војна народот стои на чело на војската, таа војска не се победува никогаш – изјавил експратеникот Хисни Шаќири кој во 2001 година го напушти Собранието и се приклучи на ОНА.

Во Слупчане ќе никне споменик на ОНА вреден 200.000 евра

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Преседан на Евровизија: Претставничката на Малта ја замени песната за натпреварот

Следно

Повторно отворена грчката амбасада во Киев

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian