ВИДЕО: Сомнителен пенал во Фиренца, неизвесна борбата за Европа

1 min read

Фиорентина на домашен терен ја победи Рома со 2:0 во 36 коло од Серија А. Сè беше решено по само десет минути игра, кога домашните веќе имаа два гола предност.

Веќе во петтата минута Фиорентина поведе по досуден сомнителен пенал. Гонзалес наводно бил фаулиран од Карсдорп на работ од шеснаесетникот, иако забавеното видео покажува колку е сомнителен пеналот. Но, по прегледувањето на видеото, судијата реши да покаже на белата точка, а прецизен беше Гонзалес за 1:0.

Конечниот епилог беше поставен во 11 минута кога Кабрал му асистираше на Бонавентура за 2:0.

Жозе Мурињо потоа се обиде со измени да го промени својот тим, влегоа Заниоло, Ел Шарави и Карлес Перез, но промена на резултатот немаше.

Фиорентина сега се израмни со Рома, заедно го делат шестото, седмото и осмото место со Аталанта, сите три екипи имаат по 59 бода и до крајот ќе се борат за две места кои водат во Лига Европа, во која сигурно ќе биде Лацио (62).

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Директорот на Катастар Тунџев: Премиерот и претседателот живеат во дивоградби

Следно

Сузан Сарандон ќе игра злобница за првпат во животот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian