ВИДЕО | Сама ги вбризгала филерите: Анастасија е сопственичката на најголемите образи на светот

1 min read

Каде и да се појави, привлекува внимание со својот необичен изглед!

Инфлуенсерката Анастасија Покрешчук уште одамна имала желба да стане сопственична на најголемите образи на светот. А сега би можело да се каже дека таа го остварила својот сон. Има 32 години, моментално живее во Истанбул, а по потекло е од Украина.

Во претходните неколку години таа направила низа козметички процедури, меѓу кои и вбризгување на филери и ботокс, преобликување на вилицата и липосукција.

Сама вбризгала филери!

Анастасија призна дека претходно сама на себе си вбризгала филери во образите откако прегледала најразлични туторијали на интернет.

„Ова можеби звучи опасно, но им верувам на докторите на интернет“, истакна тогаш оваа инфлуенсерка.

Има самодоверба како никогаш претходно

Со третманите започнала кога имала 26 години, а посебно нагласи дека воопшто не се кае за тоа. Таа раскажа дека момците никогаш повеќе не и приоѓале и додворувале како што тоа е случај денес.

„Лицето сега е пропорционално. Мојот нос беше преголем, што многу ми сметаше. Изгледав како хрчак. Сега имам усни и образи така што се изгледа во ред“, заклучи таа.

Анастасија истакна дека воопшто не ја допираат грдите коментари на социјалните мрежи, како ни критиките од нејзината мајка.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

И Романо потврди: Халанд е нов фудбалер на Манчестер сити!

Следно

Ковачевски: Ако на маса нема достоинствено решение со Бугарија, нема да има решение

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian