Ема Мускат ја претставува Малта на овогодинешниот избор за песна на Евровизија, но пред еден месец ја смени песната со која ќе настапи на ова натпреварување.
И покрај тоа што ги освоила гласовите и од жирито и од публиката со песната „Out of Sight“ во текот на националниот натпревар за песна на Евровизија на Малта 2022 година, неколку недели подоцна, Ема и малтешкиот емитер најавиле сосема нова песна наречена „I Am What I Am“ и ги смениле првобитните планови.
– Победив на националната селекција на Малта со „Out of Sight“, но имаше многу измешани чувства кон песната… Луѓето на кои им се допадна, на луѓето на кои не им се допадна и добивме многу повратни информации со барање песната да се смени – објаснува Ема.
Пејачката е сигурна дека многу луѓе не гласаат само за песната, туку за уметникот за кого мислат дека најдобро ќе ја претставува својата земја.
– Дефинитивно има повеќе од мојот звук на „Out of Sight“. Тоа е повеќе во рамките на она што би го напишала. Тоа е исто така автобиографска песна, но за Евровизија луѓето сакаат нешто попривлечно и се согласувам дека „Out of Sight“ не беше толку привлечна – навела Ема.
ВИДЕО | На албанската евровизиска претставничка организаторите ѝ го цензурирале настапот
ФОТО | Констракта мета на критики поради велигденската честитка: Избришете ја објавата!