ВИДЕО: Далас и Филаделфија израмнија против Феникс и Мајами

1 min read

Кошаркарите на Далас го совладаа Феникс со 111:101 и израмнија на 2:2 во полуфиналната плеј-оф серија на Западната конференција во НБА лигата.

Тимот од Тексас до триумфот беше предводен од Лука Дончиќ, кој и покрај лошата шутерска вечер (1-10 за три), мечот го заврши со 26 поени, 11 асистенции и седум скокови.

Истовремено, Филаделфија го совлада Мајами со 116:108 и израмни на 2:2 во полуфиналето на Истокот.

Џејмс Харден постигна 31, следен од Камерунецот Џоел Ембид кој реализираше 24 поени.

На спротивната страна за „жешките“ недоволна беше одличната партија на Џими Батлер од 40 поени.

НБА плеј-оф, резултати –

Далас – Феникс 111:101 (2:2)
Филаделфија – Мајами 116:108 (2:2)

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Украинска армија предупредува на можни руски ракетни напади

Следно

ВИДЕО | Струмичанката Драгана Костова воодушеви во „Ѕвездите на Гранд“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian