Убиен поранешен соиграч на Перо Антиќ од Атланта хокс

1 min read

Поранешниот кошаркар Адријен Пејн (31) играше за три екипи во НБА и два во Евролигата, а последните неколку месеци немаше договор.

Според американските медиуми, во Орландо во ноќта меѓу неделата и понеделникот во престрелка е убиен поранешниот соиграч на Перо Антиќ (сегашен претседател на македонската кошаркарска федерација) од Атланта хокс.

Веста за смртта на поранешниот кошаркар се рашири жестоко низ светските медиуми, а само неколку часа подоцна пристигнаа нови детали. Полицијата на Флорида потврди дека Пејн е убиен!

Соопштено е и дека убиецот Лоренс Дирити (29) на лице место веднаш бил уапсен и приведен од полицијата.

Нејасно е во каква врска биле Пејн и убиецот, а не е познато како дошло до инцидентот во кој беше убиен познатиот кошаркар.

Освен за Атланта, играше уште за Орландо и Минесота, додека на европско тло го носеше дресот на Панатинаикос и Асвел. Подоцна настапуваше во Турција и Литванија, а од почетокот на февруари 2022 година немаше договор. Во текот на три сезони забележа 29 натпревари во Евролигата.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Макрон: За Велика Британија би можело да има место во поширок европски клуб

Следно

Богоев: Изборите ќе бидат редовни, неодговорно е да ја закочиме земјата среде криза

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian