„Слободен печат“: Антифашизмот е темелот на македонската државност

5 mins read

Во најновиот број на „Слободен печат“ читајте:

 

Хроника

Прослава на Денот на победата над фашизмот – Антифашизмот е темелот на македонската државност

– Изборот на македонскиот народ, заедно со сите други народи, беше македонската држава да биде создадена како дом на слободата, за сите нејзини граѓани без исклучок. Држава на сите и за сите. Дом каков што е денеска Европската Унија – рече премиерот Ковачевски во својот говор.

Дефинитивно, ново вето ќе ги прекине преговорите со Бугарија – Како се приближува расплетот, се зголемува нервозата

– На прашање за коментар на изјавата на министерот Османи дека ова е можеби последна шанса за да се спасат односите и дека „е веќе доста“, Румен Радев само кусо одговори дека е „крајно непримерно да ѝ се поставуваат ултиматуми на Бугарија“.

Мачни сеќавања на трагичните настани од 2015 година – Крвавото Диво Насеље остави трајни трауми

-„За жал, до ден денес не се расветли ниту докажа кои беа инспираторите на овој крвав чин, кои беа нивните вистински мотиви, каков беше нивниот оригинален план и дали, кога и каде изгубија контрола врз првичниот план. Слава им на македонските херои кои загинаа во оваа валкана дводневна борба“ – напиша Ангелов на Фејсбук.

 

Економија

Земјоделците разочарани од ниските цени – Зелката се откупува по 6 денари

– Со скапата нафта, спроведувањето на агротехничките мерки, со драстично зголемената цена на ѓубривата, потоа со вкалкулиран трошок за вода и за работна сила, зелката не може да се произведе по цена помала од 10 денари за еден килограм.

Зачекоривме во зона на двоцифрена инфлација – За една година трошоците за живот „скокнале“ за 10,5 проценти!

– Трошоците за храна во април, во однос на период пред една година се зголемени дури за 14,8 проценти

 

Свет

Празен говор на претседателот на големата парада во Москва – Путин воопшто не спомна „победа“ на Денот на победата

– Рускиот претседател во свеченото обраќање повторно настојуваше да ја претстави Русија како „жртва“, а не како „агресор“ и ги повтори контроверзните ставови што веќе многупати ги кажал

Зеленски: Украина еднаш го победи злото, ќе победи и сега

– Украинците се слободен народ, кој се борел да ја одбрани својата земја многу пати во историјата и кој чекори по сопствена патека. Денес водиме војна на оваа патека и нема да му дозволиме никому да зграпчи ни парче од нашата земја и нема да дозволиме никому да зграпчи ни дел од нашата историја, порача Зеленски

 

Скопје

Хумани проекти за поквалитетен живот – „Итното копче“ ќе спасува животи

– Лицата ќе имаат итно копче – уред, аларм, кој секогаш ќе го носат со себе и доколку се најдат во ситуација во која имаат потреба од итност со притискање на копчето алармираат посебен тим кој веднаш ќе излезе на терен и ќе дојде на помош.

Нов начин на штедење – Наместо тотален мрак , во Карпош ќе свети секоја втора улична светилка

 

Спорт

Фудбал – По инцидентите на првенствениот дуел Шкендија – Шкупи – Седлоски: Мечот не личеше на ништо, но благодарност до Шакири

– Тренерот на Шкупи Гоце Седлоски е крајно разочаран од инцидентите што се случија вчера во Тетово на мечот со Шкендија, во кои членови на гостинскиот состав беа повредени од неодговорни лица. Седлоски сепак му е многу благодарен на Артим Шакири, тренерот на Шкендија кој сторил се да ги заштити гостите.

 

Мозаик

Евровизија 2022 – Пејачката ѝ се извини на јавноста – Осуди и критики за Андреа Коевска откако го фрли македонското знаме на земја

 

Забава

Британски „Сан“ тврди – Љубовницата на Путин е бремена по третпат

 

 

 

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Почина и вториот син на Ник Кејв: Музичарот ја потврди трагичната вест

Следно

Албанските демократи ќе бидат дел од процесот за избор на нов претседател на земјата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian