Шолц: Идејата на Макрон е многу интересен предлог

1 min read

Германскиот канцелар Олаф Шолц  денеска го поздрави предлогот на францускиот претседател Емануел Макрон за поширок европски клуб на земји надвор од ЕУ, кој би можел да ги вклучи Украина или Велика Британија.

-Сакам експлицитно да кажам дека ова е многу интересен предлог, изјави Шолц, додавајќи дека е „многу задоволен од предлогот за кој разговараме заедно“.

Макрон на денешната средба со Шолц во Берлин изјави дека за Велика Британија би можело да „има место“ во поширок европски клуб на демократски земји што се протега надвор од ЕУ.

-Велика Британија одлучи да ја напушти нашата Европска Унија, но може да има место во оваа политичка заедница, изјави Макрон. (МИА)

kurir.mk

Претходно

Мојата влада е целосно легитимна, успешно се справуваме со сите предизвици, вели Ковачевски

Следно

ФОТО | „Бесмртен полк“ во Србија, луѓето со руски знамиња упатија порака: „Да живее Русија, да живее Путин“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian