Шолц ги пофали македонските власти: Храбри лидери, кои направија храбри чекори

5 mins read

Германскиот канцелар Олаф Шолц на прес-конференцијата по средбата со францускиот претседател Емануел Макрон рече дека е потребно „да се испратат јасни сигнали за земјите од Западен Балкан“ и дека „треба да се одржат ветувањата“. Тој притоа наведе дека Северна Македонија имала храбри лидери, кои направиле храбри чекори за да започне процесот на пристапување, јави дописникот на МИА.

– Ние треба да им испратиме сигнали на земјите од Западен Балкан. Ние ќе ги одржиме нашите ветувања за да се надминат пречките кои се пред нас, за да се има тој разумен и сигурен пристап, рече Шолц, притоа нагласи дека „се радува” што Макрон потсетил на таа европска перспектива за земјите од регионот.

– Земјите на Западен Балкан се дел од европското семејство. Украина исто така. Ние работиме за Западен Балкан да го приближиме до Европската Унија, рече германскиот канцелар.

Одговарајќи на новинарско прашање, за предлогот на Макрон за „европска политичка заедница тој го оцени како „многу интересен предлог за соочување со големите предизвици со кои се соочува ЕУ”, притоа тој директно се осврна на проширувањето кон земјите од Западен Балкан и Северна Македонија.

– Оваа идеја не нѐ спречува да го завршиме, тоа што го започнавме и на што работиме веќе извесно време. Тоа се однесува на земјите од Западен Балкан, бидејќи тие донесоа многу длабоки и храбри одлуки. Тоа треба да биде наградено. Го наведувам примерот на Северна Македонија, таа имаше храбри политички лидери кои направија храбри чекори за да започне процесот на зачленување. Ние не треба да ги обесхрабриме тие храбри чекори, додаде германскиот канцелар.

Францускиот претседател, од своја страна, нагласи дека е решено да се одржи самит за Западен Балкан во јуни, што ќе се одржи непосредно пред европскиот самит. За тоа ќе се има блиска и координирана француско-германска соработка за да се може, токму на сите овие ситуации, да се работи заедно, „за да дозволиме прво да се решат ситуациите на разлики кои сè уште постојат и да им ја разјасниме на сите земји од Западен Балкан европската агенда која во голема мера е нивна”, рече Макрон.

Макрон притоа потсети на неколкуте предлози кои ги даде во Стразбур, во име на Франција за кои ќе се разговара и за кои веќе се зборувало неколку пати.

-Но, мислам дека можам да кажам дека заедно го споделуваме и убедувањето дека надвор од Западен Балкан, имаме потреба да го преиспитаме европскиот политички простор, тоа е целта на оваа европска политичка заедница, предложена утринава. за да може да се изгради мир и стабилност на соработката за најгеополитичките прашања на нашата Европа.

Запрашан да ја појасни неговата идеја за европска политичка заедница и дали земјите од Западен Балкан се повикани да се приклучат кон неа, Макрон одговори дека оваа „идеја доаѓа од фактот дека има географска реалност. Европа е континент кој се наметнува преку едноставно читање на светската карта и дека за вистински да „ се закотви демократијата и стабилноста во Европа, треба да се најде вистинската политичка и геополитичка форма на конвергенција и стабилност” на континентот.

-Сѐ досега, на ова прашање одговоривме со проширување, од степенот на интегрираност на интимноста на зближувањето, барањето на стандардите на нашата Европска Унија, значи дека оваа перспектива за држави како Украина или неколку други не е остварлива на хоризонтот од неколку години.

Според Макрон може да се има забрзана процедура, за да се прифати статусот на кандидат за членство на Украина, „но сите знаеме дека со оглед на нашите стандарди да се биде членка, ќе бидат потребни години, веројатно децении за да Украина навистина се приклучи на Европската унија”. ,

Тој продолжи со своето објаснување, дека не сака да го преземеме ризикот да предизвика очај кај „оние соседи и ја имаат и оваа географска близина и кои се приврзани за истата база на вредности на кои инсистира “. Бидејќи, според него Украина денес добро се бори за тие вредности, таа ги презема сите ризици за тоа.

-Нам ни треба да се изгради нова политичка форма, не само правна. Ние имаме правна форма, Советот на Европа со Европскиот суд за човекови права, кој дава права, што згора на тоа се загрозени, потресени од излегувањето на Русија.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Сузан Сарандон ќе игра злобница за првпат во животот

Следно

Макрон: За Велика Британија би можело да има место во поширок европски клуб

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian