Почина и вториот син на Ник Кејв: Музичарот ја потврди трагичната вест

1 min read

Ненадејно почина Џетро Лејзенби, 31-годишниот син на рок-музичарот Ник Кејв, кој ја потврди оваа тажна вест за „NME“.

„Со голема тага, можам да ви потврдам дека мојот син Џетро почина. Ќе ви бидеме благодарни ако ја почитувате нашата приватност во периодот што следи“, изјавил Кејв.

Џетро Лејзен беше роден во 1991 година, во Мелбурн. Тој дознал дека му е син на Ник Кејв дури на 8-годишна возраст. Што се однесува до неговиот кариерен пат, тој се занимавал со манекенство, но и со актерска игра. Во последните години, тој имал изразен интерес за фотографија.

Ова не е прва семејна трагедија во животот на Ник Кејв. Имено, неговиот син Артур Кејв почина во јули 2015, на само 15 години, по пад од карпа, откако експериментирал со ЛСД.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО: Мбапе е виден во Мадрид, со него и соиграч од ПСЖ

Следно

„Слободен печат“: Антифашизмот е темелот на македонската државност

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian