НБА: Јокиќ прогласен за МВП втора година во низа!

1 min read

Центарот на Денвер нагетс Никола Јокиќ втора година по ред ќе биде прогласен за најкорисен (МВП) играч во НБА лигата.

Веста сè уште не е официјално потврдена, но добро информираниот новинар Адријан Војнаровски на „Твитер“ ја пренесе оваа информација.

Поради повредите Нагетси не можеа да одат подалеку од првото коло од плеј-офот, но Јокиќ благодарение на одличните партии втора година по ред е прогласен за најкорисен кошаркар во најсилната кошаркарска лига на светот.

Во најтесната конкуренција беа Џоел Ембиид од Филаделфија и Џанис Антетокунмпо од Милвоки.

Јокиќ имаше уште подобра сезона од претходната. Тој имаше просек од 27,1 поен, 13,8 скока и 7,9 асистенции. Беше најдобар во индексот на корисност (32,94), а никој пред него не успеа да ја заврши сезоната со повеќе од 2.000 поени, 1.000 скока и 500 асистенции.

Во овој век, последователни награди за МВП беа доделени на Џанис Антетокунмпо, Стеф Кари, Леброн Џејмс (два пати по ред), Стив Неш и Тим Данкан.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Генчовска: Скопје да ги гарантира правата на граѓаните со бугарска самосвест

Следно

ВИДЕО | Преседан на Евровизија: Претставничката на Малта ја замени песната за натпреварот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian