Курти бара забрзување на интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ

1 min read

Косовскиот премиер Албин Курти, по повод Денот на Европа, порача дека е потребна „заложба дека ќе се брани и забрза проектот на Европската унија со интегрирањето на Косово и на целиот Западен Балкан”.

Курти на неговата страница на Фејсбук напиша дека, заедно со земјите од регионот, ЕУ треба да ги интегрира и Украина, Грузија и Молдавија, како „мирољубиви европски држави”

Според косовскиот премиер, „ЕУ е проект и процес за Европа и за сите нејзини граѓани кои веруваат во вредностите на слободата и демократијата, правдата и еднаквоста, човековите и граѓанските права, слободата на изразување и на медиумите, владеењето на правото и независноста на судството”.

– Тие вредности денес се бранат во Украина. Таму, наспроти еден деспотски агресор и окупатор, се брани идејата за една слободна и обединета Европа. Токму на овој ден потребна ни е заложба дека ќе се брани и забрза проектот на Европската унија со интегрирањето на Косово и на целиот Западен Балкан и на сите мирољубиви европски држави, вклучително Украина, Грузија и Молдавија, напиша Курти.

Според него, „Косово е најдемократската држава во Западен Балкан”.

– Ние веруваме во демократија која се бори против автократите, во владеење на законот што се бори против корупцијата и во развиена економија која ја подига благосостојбата за сите. Со нашето владеење докажуваме дека за Косово ЕУ започнува дома, со заживување на промените кои ја трансформираат нашата земја и го забрзуваат зачленувањето во ЕУ, напиша Курти.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Над 14.000 посетители на Зоолошката градина изминатиов викенд

Следно

ФОТО: Мбапе е виден во Мадрид, со него и соиграч од ПСЖ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian