Ковид-19 го намалува коефициентот на интелигенција и го остарува мозокот за дури 20 години

2 mins read

Резултатите од новото истражување покажаа дека коронавирусот може да го намали коефициентот на интелигенција за десет поени и да го направи мозокот постар за 20 години.

Пациентите кои се хоспитализирани поради ковид-19 може да добијат оштетување на мозокот кое трае подолго од шест месеци. Некои од нив откриле дека тешко ги пронаоѓаат вистинските зборови и дека им треба подолго време за обработка на информациите или, пак, дека имаат недостасок на внимание.

Научниците од Универзитетот во Кембриџ рекоа дека најболните пациенти имаат најлоши последици, а како пример го навеле фактот дека во текот на пандемијата 40.000 луѓе во Англија биле примени на интензивна нега.

Студијата на 46 Британци хоспитализирани со ковид-19 во 2020 година покажала дека нивните мозочни тестови биле полоши од очекуваното, во споредба со просечните резултати што ги покажале 66.000 луѓе.

„Следевме некои пациенти дури десет месеци по нивната акутна инфекција, така што можевме да видиме многу бавно подобрување. Многу е можно некои од овие лица никогаш целосно да не закрепнат“, рекол анестезиологот и експерт за мозок, професор Дејвид Менон.

Тој рекол дека тешката форма на коронавирусот може да го „огладне“ мозокот, лишувајќи го од крв и кислород и да го оштети толку многу што може да го намали коефициентот на интелигенција за десет поени.

Дури и благ случај на коронавирус може да предизвика долгорочно оштетување на мозокот. Научниците истражувале точно како вирусот влијае на централниот нервен систем и колкава штета може да предизвика.

Тим од Универзитетот во Тулејн откри сериозно отекување на мозокот и повреди поврзани со намален проток на крв или кислород во мозокот. Тие, исто така, откриле докази за мали крвавења, оштетувања и умирање на невроните, дури и кај примати кои немале тешка болест.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Исламска држава презеде одговорност за нападот во кој загинаа 11 египетски војници

Следно

ВИДЕО | Стојановски: Сакаме Криволак да го промовираме како регионален армиски центар

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian