Исламска држава презеде одговорност за нападот во кој загинаа 11 египетски војници

1 min read

Терористичката организација Исламска држава денеска презеде одговорност за нападот во Синај во кој загинаа 11 припадници на египетската војска.

Завчерашниот нападот на воената станица во Синај, каде дејствуваат радикални ќелии поврзани со Исламска држава го осудија повеќе држави во светот.

Африканската Унија, Париз, Вашингтон, како и Картум, го осудија, како што го нарекоа, „терористичкиот“ чин.

Претседателот на Египет, Абдел Фатех ал Сиси нагласи дека, ова „нема да ја разниша одлучноста на земјата и на нејзината војска да стават крај на злото на тероризмот“.

kurir.mk

Претходно

Ковачевски прифаќа лидерска само за стратешки прашања, ВМРО-ДПМНЕ останува на предвремени избори

Следно

Ковид-19 го намалува коефициентот на интелигенција и го остарува мозокот за дури 20 години

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian