Грција одвои 30 милиони евра за бесплатен одмор на своите граѓани

1 min read

Туризмот со крстарење во Грција годинава е посилен од пред кризата со ковид, а државата издвојува 30 милиони евра за бесплатен одмор за работниците и нивните семејства, објави БНР.

Грција инвестира 1 милијарда евра во програма за модернизација и одржлив туризам, изјави министерот за туризам Василис Кикилијас. Инвестициите во модернизација вклучуваат модернизација на туристичката база, транспортните капацитети во туристичките области и рекламирање на сите светски саеми.

За домашен туризам на работниците и нивните семејства годинава повторно се издвојуваат 30 милиони евра за ваучери за ноќевања и намалување на транспортните трошоци. На овој начин се дава помош на областите кои не се меѓу бараните туристички дестинации.

Според прогнозите врз основа на резервации пред сезоната, Грција очекува многу силна туристичка сезона. Од почетокот на годината има голем пораст на туризмот со крстарење, при што само пристаништето во Солун тој е зголемен за 250 отсто, соопшти Министерството за поморство.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Општина Гази Баба го одбележа Денот на победата над фашизмот

Следно

Седлоски за инцидентите на дуелот Шкендија – Шкупи: Мечот не личеше на ништо, но благодарност до Шакири

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian