Генчовска: Скопје да ги гарантира правата на граѓаните со бугарска самосвест

2 mins read

Од Скопје очекуваме конкретни акции и гаранции за трајно и неповратно спроведување на договорот од 2017 година, како и гарантирање на правата на граѓаните на Република Северна Македонија со бугарско самочувство, изјави министерката за надворешни работи на Бугарија Теодора Генчовска која денес оствари средба со министерот за европски и меѓународни работи на Австрија Александар Шаленберг, пренесе БГНЕС.

Генчовска рече дека со Шаленберг разговарале и за европската перспектива на Западен Балкан.

-На министерот Шаленберг му ја истакнав постојаната поддршка на Бугарија за европскиот пат на земјите од Западен Балкан. Се разбира, напредокот на патот кон членството е секогаш поврзан со принципот на сопствени заслуги. Во последните месеци, сите знаете дека Бугарија направи значителни напори за промовирање на позитивна клима во билатералните односи со Република Северна Македонија, вклучително и преку иницирање комисии за засилен развој на секторски политики. Ќе продолжиме со работа за градење на вистински добрососедски односи со Република Северна Македонија. Сепак, тие се можни само со заеднички напори. Од Скопје очекуваме конкретни акции и гаранции за трајно и неповратно спроведување на Договорот од 2017 година, како и гарантирање на правата на граѓаните на Република Северна Македонија со бугарска самосвест, изјави Генчовска за медиумите.

Од своја страна, австрискиот министер за европски и меѓународни прашања Александар Шаленберг рече дека неговата позиција е многу јасна и дека Австрија би сакала разговорите со Албанија и Северна Македонија да започнат во јуни.

-Секако, свесни сме дека има многу чувствителни точки и прашања во билатералните односи кои треба да се разјаснат, рече Шаленберг.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ОOУ „Киро Глигоров“: Нема да се гради никаков објект ниту ќе се узурпира игралиштето во училиштето

Следно

НБА: Јокиќ прогласен за МВП втора година во низа!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian