ФОТО | Констракта „плукната“ Меган Маркл на отворањето на Евровизија

2 mins read

Српската претставничка на Евровизија Ана Ѓуриќ Констракта вчера на свеченото отворање на овогодинешната Евровизија го прошета белиот комплет на тиркизниот тепих и ги воодушеви сите со својот стајлинг.

Српската претставничка се појавила во бел костум и бела капа на главата, а придружниот тим бил облечен во црни костуми, сличен на стајлингот што го имаат на евровизиската сцена.

Иако била во минималистичка комбинација, Констракта повторно успеала да ги освои симпатиите на присутните и едноставно воодушеви со својот изглед.

 

Меѓутоа, по нејзиното појавување, многумина воочиле една интересна работа на социјалните мрежи – големата сличност меѓу Констракта и Меган Маркл, војвотката од Сасекс.

Корисниците ги споредиле нивните стајлинзи, посебно се занимавале со вчерашниот стајлинг, кој неодоливо потсетува на оној што Меган го носела уште во 2019 година по повод Денот на Комонвелтот во Вестминстерската опатија.

 

„Меган ја облекла Констракта“, „Каква дама“, „Која е тајната на стајлингот на Меган Маркл?“, се само некои од коментарите.

Песната на Констракта номинирана за најдобар текст на Евровизија

ФОТО | Констракта мета на критики поради велигденската честитка: Избришете ја објавата!

Констракта се огласи по нападите: Земјата е рамна плоча, Тупак е жив

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Седлоски за инцидентите на дуелот Шкендија – Шкупи: Мечот не личеше на ништо, но благодарност до Шакири

Следно

Богоевски: Пред 5 години, група крволочни луѓе сакаа да наденат пратеници на поголемо знаме од она на Андреа

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian