ФОТО | „Бесмртен полк“ во Србија, луѓето со руски знамиња упатија порака: „Да живее Русија, да живее Путин“

1 min read

Околу 200 луѓе денеска во Белград, Ниш, Нови Сад, учествуваа на манифестацијата „Бесмртен полк” по повод одбележувањето на советската победа над нацистите во 1945 година, носејќи руски знамиња, на кои беше порачано дека „Србија и Русија отсекогаш биле на вистинската страна на историјата”.

На прошетката во Белград учествуваше и рускиот амбасадор во Србија, Александар Боцан-Харченко, Душан Бајатовиќ од Социјалистичката партија на Србија (СПС), како и министерот без ресор во Владата на Србија, Ненад Поповиќ.

-Србија и Русија отсекогаш биле на вистинската страна на историјата, изјави Поповиќ кој додаде дека на денешен ден, 9 мај, во Втората светска војна во 1945 година, Германија капитулирала и дека „се сеќаваме на најголемата победа во 20 век”.

„Бесмртен полк” во Србија/ Фото EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

На чело на колоната стоеше голем транспарент „Бесмртен полк Белград” и картонска фигура на рускиот претседател Владимир Путин, како и голема латинска буква „З”.

Како што беше објаснето, голем дел од насобраните носеа слики од нивните предци загинати во Втората светска војна, за кои е наменет овој настан, како и голема тробојка која е истоветна и за Србија и за Русија.

Денот на победата во Србија е национален празник, но се слави работно, а над градовите во Србија летаа авионите на Војската на Србија.

„Бесмртен полк” во Србија/ Фото EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Шолц: Идејата на Макрон е многу интересен предлог

Следно

И Романо потврди: Халанд е нов фудбалер на Манчестер сити!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian