ФОТО | Андреа Коевска се извини уште еднаш: Македонското знаме ќе продолжам да го веам гордо како досега

2 mins read

Македонската евровизиска претставничка Андреа Коевска за време на фотографирањето во Торино на земја го фрли државното знаме што предизвика остра реакција на јавноста. Набргу потоа Македонската Радио Телевизија (МРТ) соопшти дека ја разгледува можноста за повлекување на 22-годишната пејачка од Евровизија, по што Андреа упати јавно извинување.

По видеопораката упатена кон јавноста, младата пејачка денес се огласи и на нејзиниот инстаграм-профил, за да упати уште едно извинување.

Андреа Коевска, Фото: Instagram Story

„Сакам на сите уште еднаш со цела почит да ви се обратам. Навистина ми е жал за сето ова што се случува. Се извинувам на сите за непромислената и брза одлука, намерата не ми беше лоша. Напротив, со голема љубов и гордост го носам знамето овие денови. Самото тоа што сум тука е чест за мене да ја претставувам Македонија и тоа навистина сакам да го направам со достоинство. Многу сум благодарна што сум тука во Торино и што со гордост ја претставувам нашата земја. Се извинувам уште еднаш од сè срце, а македонското знаме ќе продолжам да го веам гордо како до сега, така и наредните денови“, напиша таа на „Инстаграм“.

Повеќе написи на темата:

ВИДЕО | Андреа Коевска се извини: Немав намера да навредам некого со тоа што го фрлив знамето на земја

Професор Буџакоски за потегот на Андреа: Да не ја напаѓаме или браниме, да ги видиме мотивите!

Професор Калајџиев: Тоа сувенир знаменце и не е баш „знаме“, повеќето го фрлаат по настанот

ВИДЕО | Скандал на Евровизија: Андреа го фрли македонското знаме на земја, МРТ жестоко ја осуди

ВО ЖИВО | Свечено отворање на Евровизија: Андреа прошета по тиркизниот тепих

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Панчевски и Стојковска од Алкалоид се нови државни шампиони во ша

Следно

ДУИ е „султан“ партија, се е во рацете на Ахмети!

Latest from Blog

Магла на Стража

Намалена видливост од 50 до 70 метри поради појава на магла има на планинскиот премин Стража,

MacedonianEnglishAlbanian