Дневен хороскоп за 9 мај: Размислете за вашите амбиции

6 mins read

Ви го претставуваме дневниот хороскоп за 9 мај, погледнете што ви предвидуваат ѕвездите за денес.

Овен

Знаете што треба да направите за некој да ви поверува, да бидете искрени и да му помогнете да најде работа за која е потребно големо искуство. Се обидувате да го средите односот со некој роден во знакот на Лав, но не сте посветени. Венера во вашиот знак може да донесе нова страсна љубов или врска со некој што се занимава со спорт или е познат на јавноста.

Бик

Добивате шанса да разговарате со Рак или Девица и веројатно ќе најдете начин да ги убедите во она што го сакате. Имате неколку понуди кога станува збор за работа од која сакате многу брзо да ја заработите. Треба добро да размислите за сите можности кои ви паѓаат на ум кога станува збор за врска со личност која сте ја запознале преку огнен знак.

Близнаци

Подготвени сте да се вклучите во тимска работа што ја сметате за исклучително вредна за вашето внимание и време. Знаете како да ги освоите симпатиите на колегите и веројатно се однесувате праведно и кон оние кои не секогаш се согласуваат со нашите предлози. Некој ќе сака да се сретне со вас но веројатно во тајност. Имате многу начини да ја решите љубовната дилема.

Рак

Многу сте практични и способни да се носите со секоја ситуација. Денес, Близнаци или Девица ви помагаат да се занимавате со работа која може да ви донесе добра репутација и добра заработка. Не влегувајте во расправија со Скорпија. Треба да бидете многу повеќе загрижени за мислењата на некоја Водолијата.

Лав

Чувствувате потреба да го подобрите вашето познавање на странски јазици или во некои области на истражување во кои веќе сте биле ангажирани. Некој сака да се сретне со вас, но не смее да контактира бидејќи не му е чиста совеста или на индиректен начин се обидува да воспостави контакт со вас. Не треба да бидете премногу оптоварени со минатото.

Девица

Се обидувате да бидете информирани за работа која многу ве интригира бидејќи сте спремни да работите напорно на работа која може да ви донесе добра репутација. Треба да се посветите на работата која ќе биде најдобро платена. Се обидувате да воспоставите добар однос со Водолија која многупати била коректна кон вас кога сте мислеле многу повеќе за себе отколку за неа.

Вага

Треба повеќе да се занимавате со недвижнини и можеби да се вработите во осигурителна компанија. Ако вашиот бизнис е поврзан со јавноста, можен е неочекуван успех Лесно ќе се согласите со некој воден или огнен знак за заедничко излегување или за нешто што ви е многу важно во моментов. Треба да го разберете партнерот кога се во прашање нивните амбиции.

Скорпија

Астролошките транзити ви одговараат и веројатно ќе почнете да разговарате за одредена работа со личност која некогаш живеела во странство. Имате начин да ги регулирате финансиските обврски кон Рибите или Бикот. Со еклипсата што наближува и Венера во знакот на Овен време е да се појави некоја страсна врска во вашиот живот.

Стрелец

Треба да ја искористите приликата и да најдете решение за заемите. Имате можност да започнете бизнис со некој воден знак. Барате начин да се помирите со една Вага или Бик. Имате доволно причини да се вклучите во нешто што ви е од големо значење, најверојатно тоа е љубовен проблем или организација на љубовен живот.

Јарец

Ангажирани сте со работи кои би можеле да ви донесат добра заработка и задоволство. Имате многу начини да заработите дополнителни пари од Водолија или Јарец. Не треба да се откажувате од личност која ви е драга само затоа што можеби не им се допаѓа на вашите пријатели или затоа што некој од вашите колеги има нешто против неа.

Водолија

Очекувате Лав или Близнак да контактира со вас. Ако ви се допаѓа идејата да заминете во странство, верувате дека можете да ја проширите соработката со воден знак што може да ви овозможи да бидете успешни, особено кога станува збор за заработка. Ќе бидете исклучително подготвени да се вклучите во некои јавни настани.

Риба

Некој ќе ви донесе предлог во врска со нешто што ви е исклучително важно доколку сакате да ја проширите соработката со Рак или Скорпија. Способни сте да се справите со ситуација која воопшто не е едноставна. Останувате смирени доколку некој ве испровоцира и се обиде да ве убеди на нешто што секако не ви одговара.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Денеска се празнува светиот свештеномаченик Василиј, епископ Амасиски

Следно

Ковачевски прифаќа лидерска само за стратешки прашања, ВМРО-ДПМНЕ останува на предвремени избори

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian