Директорот на Катастар Тунџев: Премиерот и претседателот живеат во дивоградби

1 min read

Директорот на агенцијата за катастар на недвижности, Борис Тунџев, вечерва во емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма рече дека доколку предметите за легализација на објектите на претседателот и на Владата се во процедура, истите „де факто се дивоградби“.

„Прво, овие два објекта се објекти од посебен карактер, и таму самата постапка за да се изврши предмер и да се запишат е сосема различна од запишувањето на било кој друг објект. Тоа се објекти, резиденцијални објекти на претседателот, на Владата и на државата, и тие се објекти од прва категорија и за нив, колку што го слушнав директорот на општи и заеднички работи господинот Мирчевски дека постапката е завршена. Ако се подразбира дека постапката е завршена, тоа може да значи дека истите тие можеби добиле решение за легализација или е во постапка на носење на одлука на Влада со која што Агенцијата за катастар на недвижности ќе биде задолжена врз основа на предмер да се запишат внатрешните површни“, рече Бунџев.

На прашањето дали објектите на претседателот и премиерот се дивоградби, Тунџев рече доколку предметите се во постапка, тие значи дека се уште не се легализирани.

„Во моментов ние намаме запис. Штом кажа директорот на службата на општи и заеднички работи дека е во постапка, треба да ги достават документите“, рече Тунџев.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Хороскопски знаци кои се лицемерни и глумат дека се грижат за другите

Следно

ВИДЕО: Сомнителен пенал во Фиренца, неизвесна борбата за Европа

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian