Богоевски: Пред 5 години, група крволочни луѓе сакаа да наденат пратеници на поголемо знаме од она на Андреа

1 min read

По вчерашниот настан во Торино каде нашата евровизиска претставничка го фрли македонското знаме на земја, не стивнуваат реакциите на социјалните мрежи. По тој повод, на Фејсбук се огласи и активистот и поранешен пратеник Павле Богоевски.

„- Дали Андреа требало да го фрли знамето?

Не.

Дали тимот требао да ја остави сама на подиум, без асистенција?

Исто така не.

Дали треба да и’ ја уништиме кариерата поради ова?

ДЕФИНИТИВНО НЕ!

И дајте бре луѓе, како колектив да намалиме со овие уберморализирања и линчувања. Некој од страна да ги чита македонските социјални мрежи, ќе си помисли дека ние сме нација на светци и девици кои никогаш не направиле погрешен чекор во животот, а камо ли нешто што светата јавност би го сметала за ‘неморално’ или ‘грешно’.

А сите ние знаеме колку само далеку е тоа од вистината.

Што знам, можеби баш затоа едвај чекаме да се случи нешто вакво, за да можеме на раат и до крај да си ги отвориме квази моралните, одамна запушени вентили и мирно да си заспиеме вечерта.

п.с. Како еден од многуте примери за ова ќе го спомнам тоа што дел од луѓето кои најкрволочно ја бранат ‘светоста на македонското знаме’ немаа никаков проблем, кога пред пет години една друга група луѓе сакаше да го употреби истото тоа знаме (додуша, поголемо од тоа на Андреа) за да надене пратеници на него“, напиша Богоевски на Фејсбук.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Констракта „плукната“ Меган Маркл на отворањето на Евровизија

Следно

Промовирани студија и прирачник: Општина Аеродром со нулта корупција

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian