Богоев: Изборите ќе бидат редовни, неодговорно е да ја закочиме земјата среде криза

1 min read

Апсолутно не е време за избори во најголемата светска економска, енергетска, здравствена и воена криза која е најголема по Втората светска војна, порача потпретседателот на СДСМ Стефан Богоев, во дебатната емисија „24 анализа“

Тој рече дека во државата има увезена инфлација, која доаѓа со увоз на струјата, гасот и останатите енергенси, поради што Владата прави максимум напори за да санира штета и да го намали ударот врз стандардот на граѓаните.

Потпретседателот на СДСМ рече и дека овие кризи предизвикаа удар во сите земји, вклучително и во најразвиените европски земји, но таму власта и опозицијата заедно работат на креирање на мерки за справување.

„Не може да зборувате за експерти за тимови и мерки, а во исто време приоритет да се предвремени избори, бидејќи изборниот законик забранува серија на дејства, кои ја оневозможуваат имплементација на тие мерки кои би се договориле. Затоа не треба избори, треба седнување за продуктивни и конкретни чекори за подобар живот на граѓаните и справување со кризата“, рече Богоев.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Убиен поранешен соиграч на Перо Антиќ од Атланта хокс

Следно

Дневен хороскоп за 10 мај: Нека не ве загрижуваат финансиските прашања, ќе пронајдете решение

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian