Апел на скршената Јулија: Молете се за моето девојче, Андријана во болка се бори за својот живот

2 mins read

Пејачката и водителка Јулија утрово сподели трогателна објава за својата ќерка Андријана, која се бори со ракот на дојка, а во која апелира сите да се молат за неа. На Андријана, пред две години ѝ беше дијагностициран карцином на дојка.

„Драги мои пријатели, помолете се за моето девојче, за мојата хероина, мојата светлина. Молете се за Божје чудо, зашто Андријана во болка се бори за својот живот на клиниката за онкологија. Верувам дека Бог ќе направи чудо, зашто за Бога е возможно сè. Секој на свој начин испратете љубов, испратете молитва, да го крене моето девојче. Господе помилуј, Оче спаси нас“, објави Јулија на својот профил на Фејсбук.

Храбрата Андријана две години се бори со тешката болест.

– Научив дека кога ќе му се насмевнете на животот и тој вам ќе ви се насмее со широка насмевка, уште повеќе ќе ги отвори портите и ќе ве втурне во изобилство. Животот велат е борба или Бог ги дава најголемите битки на храбрите, но сепак јас не се „борам” со животот, јас го живеам со полна пареа и еден ден во детали ќе ја раскажам мојата приказна за дружбата со кaнцерот – изјави лани уметничката Андријана Мациев во интервјуто за „Слободен печат“.

Андријана Мациев, очи в очи со канцерот: Не се борам со животот, го живеам со полна пареа!

Андријана Мациев, очи в очи со канцерот: Не се борам со животот, го живеам со полна пареа!

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Искусни тренери, предавачи на премиерното издание на ракометниот камп „40×20“ во Охрид

Следно

Професор Калајџиев: Тоа сувенир знаменце и не е баш ,,знаме”, повеќето го фрлаат по настанот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian