Албанските демократи ќе бидат дел од процесот за избор на нов претседател на земјата

3 mins read

Вршителот на должноста претседател на опозициската Демократска партија и координатор на пратеничката група, Енкелејд Алибеај изјави дека пратениците се договориле да бидат дел од процесот за избор на нов шеф на државата.

Тој рече дека присутните пратеници на денешната попладневна средба договориле и услов за кој не може да се преговара, а тоа е „антикомунистички претседател”.

-Се договоривме за неколку работи, но многу важни, да учествуваме во процесот за отстранување на трагите од минатото, дека сме избегнувале изборни докази и дека потоа сме се пишманеле. Се откажавме од пратеничките мандати (претходниот парламентарен состав) и не учествувавме во реформите. Затоа, обврска на секој пратеник е да се соочи со предизвиците. Затоа, решивме да учествуваме суштински во првите 3 круга за да може да се слушне гласот на опозицијата, во последователниот круг претседател се избира со 71 глас, рече тој.

Според Уставот во првите три круга на гласање за избор на шеф на државата, одреден кандидат треба да обезбеди поддршка од 84 од 140 пратеници, што владејачките социјалисти ги немаат, додека во следниот, се избра со просто мнозинство од 71 глас, што социјалистите ги имаат.

-Чувствувам задоволство што сите оние кои беа тука договоривме услов за кого нема да се преговара а тоа е претседателот на републиката што треба да се избере мора да биде антикомунист. Оваа земја после 30 години хипокризија и газење, треба прво да даде симболичен знак а тоа е да имаме претседателот антикомунист. Се чини дека ова прашање деновиве збуни многу умови, нагласи тој.

Посочи дека опозицијата има свој легитимитет да учествува во процесот и да предлага личности кои не само што не биле дел од диктатурата, туку „ декриминализацијата е уште една вредност што кандидатот мора да ја задржи, заедно со интегритетот”.

Токму по барање на Алибеај, социјалистите се согласија да го одложат почетокот на преговорите, за 10 мај(утре) со пратеничките групи а првиот круг на гласање да биде на 16 мај.

Освен координаторот на пратеничката група на ПС, Таулант Бала, на ПД, Алибеај, ќе учествуваат и Фатмир Медиу на „Сојуз за промени”, како и Месила Дода, координаторка на пратеничката група „За демократија и интеграција” но не и неформалната група на демократските пратеници предводени од Сали Бериша.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

„Слободен печат“: Антифашизмот е темелот на македонската државност

Следно

Палатата најави: Ќе бидат прикажани досега невидени фотографии од младоста на кралицата Елизабета

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian