ВО ЖИВО | Свечено отворање на Евровизија: Андреа прошета по тиркизниот тепих

1 min read

Сите 40 натпреварувачи и нивните делегации, претставници на ЕБУ и РАИ беа пречекани на тиркизниот тепих на свеченото отворање на овогодинешното евровизиско издание во Торино, Италија.

Уметниците наместо на црвениот прошетаа по тиркизниот тепих, бидејќи организаторите сметале дека тиркизот повеќе му одговара на градот домаќин, Торино.

Фото: Профимедиа

Во текот на тиркизниот настан, натпреварувачите на Евровизија 2022 се сретнаа и ги поздравија насобраните.

Нашата претставничка Андреа Коевска прошета по тиркизниот тепих облечена во веќе препознатливиот стил, овој пат со кожени ракавици, а во рацете држеше македонско знаме.

Водителот ја пречека Андреа, посакувајќи ѝ добредојде на македонски јазик: „Добредојдовте на Евровизија“.

Фото: Профимедиа

Кандидатите за Евровизија 2022 ќе ги видиме во нивните најдобри стајлинзи, а домаќините на настанот Каролина Би Доменико и Габриел Корси разговараа со нив во живо.

Фото: Профимедиа

На свеченото отворање, градоначалникот на Торино, Стефано Ло Русо и претставници на РАИ, ЕБУ, градот Торино, официјално ги пречекаа земјите учеснички на Евровизија 2022 година, делегациите и уметниците во Торино.

 

Изборот за песна на Евровизија 2022 година ќе се одржи на 10, 12 и 14 мај во „Пала Олимпико“ во Торино, Италија. Настанот ќе го ко-организира италијанската национална телевизија РАИ во соработка со ЕБУ.

 

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Арсенал сонува Лига на шампиони, Лидс во зоната за испаѓање

Следно

Отворена изложбата на украинската амбасада „XXI век. Европа. Непростливо злосторство” во Музејот на македонската борба

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian