ВИДЕО: „Петарда“ на Етихад, Сити во пол-позиција да биде шампион

1 min read

Фудбалерите на Манчестер сити денеска на домашен терен го совладаа Њукасл со убедливи 5:0 во натпреварот од 36 коло во Премиер лигата.

„Граѓаните“ стекнаа водство во 19 минута после една одлична акција. Асистенција запиша Жоао Кансело, а гол со глава постигна Рахим Стерлинг.

До вториот гол се чекаше до 38 минута, волеј од работ на шеснаесетникот упати Илкај Гундоган, а до одбиената топка дојде Емерик Лапорт.

Третиот гол беше реализиран после еден час игра, центаршут од корнер имаше Кевин Де Брујне, а највисоко скокна Родри. Во листата на стрелците се запишаа уште Фил Фоден во 90 и Стерлинг во 93 минута на стадионот „Етихад“ во Манчестер.

Сега играчите на Пеп Гвардиола се во „пол-позиција“ да ја освојат титулата, после ремито на Ливерпул против Тотенхем (1:1). Сити по овој триумф е на првото место со 86 бодови, три повеќе од Ливерпул, додека Њукасл е на 13 позиција со 43 бодови.

Табела: Манчестер сити 86 бодови, Ливерпул 83, Челси 67, Арсенал 66, Тотенхем 62, Манчестер јунајтед 58, Вест Хем 55…

Еве го распоред на натпревари до крајот на сезоната во Премиер лигата кој го имаат Ливерпул и Манчестер сити:

Астон Вила – Ливерпул (10 мај)
Саутемптон – Ливерпул (17 мај)
Ливерпул – Вулверхемптон (22 мај)

Вулверхемптон – Манчестер сити (11 мај)
Вест Хем – Манчестер сити (15 мај)
Манчестер сити – Астон Вила (22 мај)

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Гранатирана рафинерија за нафта во Лисичанск

Следно

Ретроградниот Меркур почнува на 10 мај: Овие 4 знаци мора да внимаваат, им пристигнува цунами!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian