ВИДЕО | Неверојатен трик како јагодите да останат свежи и до две недели

1 min read

Во ек е сезоната на за многумина омиленото овошје. Јагодите се вкусни, одлични за здравјето, но имаат и една „маана“, многу брзо можат да пропадна – веќе по еден до два ден од купувањето стануваат меки и без свежина.

Меѓутоа, тиктокерката Стеф Џиглиоти, воодушевила повеќе од милион луѓе кога го споделила својот едноставен трик со помош на кој јагодите остануваат свежи и до две или три недели.

„Наидов на овој трик пред неколку месеци, така што во меѓувреме го тестирав и навистина функционира. Доколку овошјето, како што се јагодите, го ставите во стаклен сад и го чувате во фрижидер, тоа ќе остане свежо до две-три недели“, вели таа.

Откако видеото било објавено, истото добило над милион лајкови и неколку илјади коментари во кои луѓето ѝ порачале дека веднаш ќе го испробат овој трик.

 

@stephgigliotti28 Fresh fruit hack! 🍓 #kitchenhacks #kitchentips ♬ Taste It – Ikson

 

 

Доколку на дното од садот ставите и салфета, а исто така и една над јагодите, тогаш тие ќе го впијат вишокот влага и така ќе овозможат јагодите подолго да бидат свежи и да не станат меки.

Исто така, свежината на јагодите може да ја сочувате доколку во вода додадете малку оцет и ги потопите во истата 20-на секунди, а потоа да ги исцедите и да ги исушите.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Суперлига: МЗТ се израмни со Пелистер, „металците“ ја решија енигмата ТФТ

Следно

Додик: БиХ ја дестабилизираат муслимани од неколку западни амбасади

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian