ВИДЕО: Атлетико подобар во градското дерби против Реал Мадрид

1 min read

Фудбалерите на Атлетико Мадрид во градското дерби го совладаа Реал Мадрид со 1:0 во 35 коло од најсилното шпанско првенство.

Единствениот гол „јорганџиите“ на стадионот „Ванда Метрополитано“ го реализираа во 40 минута кога прецизен од пенал беше Караско.

Составот на Карло Анчелоти веќе ја обезбеди титулата во „Ла Лига“, а се пласираше и во финалето на Лигата на шампионите, па така вечерашниот дуел за „кралевите“ немаше големо натпреварувачко значење.

Од друга страна играчите на Диего Симеоне се борат за место кое води во ЛШ и беа мотивирани да ги освојат бодовите против Реал.

Табела после 35 кола: Реал Мадрид 81 бод, Барселона 69, Севиља 65, Атлетико Мадрид 64, Бетис 58, Реал Сосиедад 56, Виљареал 53…

Денеска се одиграа уште три меча, Виљареал – Севиља 1:1, Еспањол – Осасуна 1:1, додека Рајо Ваљекано на македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски ремизираше без голови на гостувањето кај Хетафе.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Андреа Коевска се извини: Немав намера да навредам никого со тоа што фрлив знамето на земја

Следно

ВИДЕО | Андреа Коевска се извини: Немав намера да навредам некого со тоа што го фрлив знамето на земја

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian