ВИДЕО | Андреа Коевска се извини: Немав намера да навредам некого со тоа што го фрлив знамето на земја

1 min read

Македонската претставничка на Евровизија, Андреа Коевска се извини за тоа што го фрли државното знаме на земја за време на фотографирањето во Торино.

Во видеопораката која ја објави, таа потенцираше дека немала намера да навреди некого и ѝ се извини на македонската јавност.

„Ги видов написите во медиумите и не ми се верува дека ова се случува. Во последните неколку дена, сѐ што правев е тоа што гордо се движев насекаде и го покажував македонското знаме.

Но, во моментот кога ме фотографираа, побараа од мене да го немам македонското знаме. Делегацијата беше навистина подалеку од мене и јас одлучив да го фрлам знамето.

Не беше од омраза затоа што јас сум горда што доаѓам од тука. Затоа ми е малку бесмислено тоа што се случува. Навистина сум тука да ја претставам Македонија во најдобро светло и се надевам дека можеме да продолжиме во ова евровизиско искуство со позитива.

Немав намера да навредам некого, ако го направив тоа – се извинувам!“, изјави Андреа.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Атлетико подобар во градското дерби против Реал Мадрид

Следно

Ф1: Актуелниот светски шампион Ферстапен триумфираше во Мајами

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian