Вардар 1961 е на два чекори од освојување на титулата

1 min read

Денеска РК Вардар 1961 во СЦ „Јане Сандански“ убедливо славеше над вториот тим на Е. Пелистер со 34:22 во рамките од Суперлигата.

Вардарци започнаа со стекнување на висока предност од 8:3. Убедливата игра на Вардар продолжи и понатаму, во 20 минута позитивата се крена на „плус шест (13:7), а на паузата водеа со 17:9.

Во второто полувреме фаворитот само рутинирано си ја довршуваше својата задача, а противникот немаше никакви шанси да фати резултатски приклучок во натпреварот. Во 45 минута Вардар дојде и до двоцифрени „плус 10“, 27:17.

Во листата на стрелците Талески и Дибиров имаа по шест голови, а на спротивната страна Димитриоски постигна седум.

Во саботата најголемиот конкурент на скопските „црвено-црни“ за титулата, Е. Пелистер триумфираше над Охрид со 24:21. На табелата Вардар 1961 е прв со 26 бодови, еден повеќе од Е. Пелистер, следува Бутел Скопје со 18, осум има Е. Пелистер 2, шест Тиквеш, а последен е Охрид со еден.

Во претпоследното коло играчите на Давид Дејвис му гостуваат на Бутел, а оние на Жељко Бабиќ во Битола се сретнуваат со вториот тим на Е. Пелистер.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Во 48 земји низ светот иселените Либанци гласаат на парламентарните избори

Следно

Заработува и до 3.000 евра дневно: Горан Бреговиќ ги изнајмува своите вили за филмови и журки

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian